Последни написи

ВИДЕО: Царинските песови – драгоцени асистенти за поголема ефикасност на Царинската управа

Службата за царински песови се дел од мобилните тимови на Царинската управа и според царинарниците тие се драгоцени асистенти за поголема ефикасност во запленувањето и спречувањето на нелегална трговија.

 

YouTube player

 

Во репортажата на „Рацин.мк“, кои поминаа еден ден на терен со мобилен тим на Царинската управа се истакнува дека царинските песови може да намирисаат оружје и муниција, различни видови дрога и пари.

Бен е член на службата за царински песови, а Царинската Управа има уште три вакви царински песови од расата „Шпригнер шпаниел“ и уште еден царински пес од расата „Ред фокс лабрадор“.

 

YouTube player

 

„Овие царински песови се пасивни царински песови. Што значи тоа? Тоа значи дека кога ќе имаат некоја индикација за нешто, не гребат по возилото, туку едноставно само седнуваат на местото (каде што почувствувале нешто). Што е карактеристично за овие песови? За прв пат во историјата на Царинска Управа и во службата за царински песови, овие песови можат да детектираат повеќе супстанци. Да детектираат криумчарење на оружје, на муниција, на различни видови дроги, екстази, како и на пари“ објасни Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови на ЦУ на Северна Македонија во изјавата за „Рацин.мк“.

Извор: Рацин.мк

Latest Posts

Не пропуштај