„Со еврокомесарот за правда, Дидиер Рејндерс, зборувавме за владеењето на правото и усогласувањето со најдобрите практики и процедури на ЕУ, во оваа за нас најважна област од преговарачкиот процес со ЕУ“, информираше на неговата официјална Фејсбук страница вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
ЕУ ја поддржува нашата држава во спроведувањето на реформите и со заеднички сили работиме на она од што граѓаните имаат најголема корист и што ќе ја врати довербата во правосудниот систем, а тоа е подостапна правда, еднаквост на сите пред законот, борба против корупцијата и организираниот криминал – се вели во објавата.
„Работиме на Патоказот за владеење на правото и во него ги опфаќаме сите суштински реформи кои се предуслов за градење на европски правна држава. Мораме да продолжиме со интеграцијата во ЕУ и побрзо да го реформираме македонското општество, бидејќи владеењето на правото нема алтернатива“, пишува во објавата на Маричиќ.
Р.С