Последни написи

Спасовски за пукањето во „Ист гејт“: Имаме осомничени лица, штабот во СВР Скопје интензивно работи на утврдување на доказите

„Интензивно се работи во штабот формиран во СВР Скопје. Се прибираат низа податоци и информации. Имаме осомничени лица кои би можеле да бидат сторители и се работи на утврдување на сите докази“, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостување во вестите на ТВ Канал 5, одговарајќи на прашање во врска со пукањето во „Ист гејт мол“.

Спасовски посочи дека вистински информации се само тие кои се потврдени од институциите, а шпекулации и пишувања на социјалните мрежи имало и ќе има.

„Секогаш кога имаме нешто ново излегуваме во јавноста. Апсолутно приоритет мора да биде мирот, безбедноста и стабилноста, како и жестоката борба до последен момент со секоја криминална структура во државата“, истакна Спасовски.

Министерот за внатрешни работи посочи дека вкупниот криминалитет во земјава за првите девет месеци од годинава е намален за 11 отсто во однос на минатата година, со што продолжува тенденцијата за негово намалување.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај