Последни написи

Петровска: Нема причини за да не се случат уставните измени, со нив го прецизираме нашиот идентитет

„Не гледам ниту една разумна причина зошто уставните измени не треба да се случат. Сите тези кои опозицијата ги има и се обидува да ги наметне се во суштина неточни“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Клик плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека со уставните измени се прави дистинкција меѓу Македонците и Бугарите и јасно се става на знаење дека Бугарите се малцинство во земјава.

„Не се губи идентитетот со тоа. Ако ова не го дефинираме вака, тогаш може да биде во прашање нашиот идентитет“ рече Петровска.

Министерката објасни дека ако сакаме јасно да е прецизиран нашиот идентитет, сега е моментот да кажеме дека Бугарите се дел од малцинските заедници во земјава.

Извор: ТВ21

Latest Posts

Не пропуштај