Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија,
Како што информираат од Владата, Фон дер Лајен ќе биде пречекана на „Илинденска“ бр.2 со највисоки државни почести.
Во изјава за МИА, вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ рече дека со фон дер Лајен ќе се разговара за потребните и неопходните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добиеме како помош од ЕУ и мотивација за реформите. Ќе се разговара и за оние обврски што ни преостануваат, за да, како што вели, ја комплетираме оваа фаза на пристапувањето и да преминеме во втората, односно отворањето на кластерот и со тоа да го најавиме и крајот на скринингот – информираше Маричиќ за МИА.
По посетата во земјава, претседателката на ЕК ќе ги посети и Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
Р.С