More

    Битиќи: Ни требаат идеолошки определени партии, да го напуштиме концептот на етнички партии

    „Сметам дека добро во општеството да имаме идеолошки определени политички партии затоа што сметам дека полека треба да се напушти концептот на претставување на само етнички предзнак. истакна вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

    Тој смета дека би било убаво и ДУИ идеолошки да се определат, да имаат членови од сите различности, а посочи дека исто така би било убаво и ВМРО да не не враќа 20-тина години наназад, па да зборува за идеологии, за вредности, да зборува како другите различности освен на една етничка група се битни во нашето општество, затоа што тоа е реалноста на нашата држава.

    „Нашата држава е таква каква што е, не затоа што Фатмир Битиќи сака – таа била, е и ќе остане мултикултурна и ние треба да прифатиме дека секој еден во оваа држава треба да ја има можноста да придонесе за едно подобро утре“, порача Битиќи во интервјуто за Канал 5.

    Р.С

    Exit mobile version