Последни написи

Дали во трговските центри треба да се постават детектори за метал?

Вчерашниот вооружен напад во трговскиот центар Ист Гејт Мол, предизвика голема паника меѓу граѓаните, особено меѓу оние кои работат во молот или често го посетуваат.

Стравот е голем и затоа што за само два месеци ова е втор вооружен напад во овој трговски центар.

Трговските центри или по ново, шопинг моловите, се особено фреквентни места каде гравитираат луѓе од најразлични возрасти но и од најразлични социјални статуси и профилијации.

Вооружени престрелки, терористички напади не се реткост во трговски центри, особено во САД.

Можат ли детекторите за метал да бидат дополнителна заштита од вооружени напади во трговски центри?

Сите модерни трговски центри, како во светот така и во Македонија се обезбедени со физичко обезбедување и видео надзор, но некои трговски центри одат чекор подалеку.

Во 2022 година „Мол оф Америка“ еден од најголемите синџири на трговски центри воведе метал детектори, откако во еден трговски се случил вооружен напад.

За тоа, дали треба да се постават метал детектори во нашите трговски центри, зборувавме со висок офицер во Министерството за внатрешни работи.

Нашиот извор смета дека тоа е добра идеја, но е скептик за тоа како сето тоа би се имплементирало.

„Иако се прилично скапи, сметам дека моловите во Скопје можат да се дозволат поставување на метал детектори. Но, за тоа да функционира како што треба, потребни се такви врати на секој од влезовите во еден мол, потоа на секоја од тие врати да има обучен кадар кој ќе врши проверка. На крајот, може да се случи да се создаваат многу гужви што може да ги одвлече посетителите“ смета изворот.

Тренирани кучиња трагачи се одлично засилување на безбедноста

Но, нашиот извор од полицијата наведува уште еден инструмент кој сериозно би ја зголемил безбедноста во трговските центри, а тоа се посебно тренирани кучиња кои можат да пронајдат оружје.

Овие кучиња можат да детектираат оружје дури и кога тоа е во делови, но можат да намирисаат и експлозив, а особено се погодни за пребарување по паркинзите на моловите, каде впрочем се случи и првиот вооружен напад во Ист Гејт Мол.

Во Европа, особено во Германија и Белгија овие кучиња редовно се користат од страна на полицијата за рутински контроли по трговски центри, метро и автобуски станици, јавни културни и спортски манифестации и слично.

За успешноста на овие кучиња говори и фактот што еден трговски центар во САД, „Каролина Плејс Мол“ од минатата година во своето редовно обезбедување има и куче германски овчар тренирано да детектира оружје.

Извор: 24ифно

Latest Posts

Не пропуштај