Последни написи

Албански медиуми: Рударите од Трепча штрајкуваат; Сѐ уште тензично на северот на Косово; нови рации за Бањска; судско рочиште за Бериша

Околу 100 рудари на Трепча од вчера штрајкуваат за поголеми плати, здравствено осигурување и подобрување на условите за работа, како и за разрешување на раководството. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека трупите на НАТО во Косово неодамна се засилени со неколку стотици војници од Италија, Бугарија, Романија и Велика Британија, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, денеска започнува првата судска седница против поранешниот премиер Сали Бериша, во врска со приватизацијата на поранешниот комплекс Партизани, пишуваат албанските медиуми.

Ова се само дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Калѕо: Околу 100 рудари од Трепча штрајкуваат, поднесоа  три барања

„Околу 100 рудари во рудникот Стан Трг вчера  започнаа штрајк на хоризонтот 10.  Веста за KALLXO.com ја потврдија првиот човек на Синдикатот на работниците „Трепча“, Ибрахим Јанузи и в.д. Бујар Јашари. Според Јануз рударите имаат три барања.

Реализација на месечна плата навреме од датум: 06 – 10 [на почеток на секој месец]. Разрешување на раководството (главниот извршен директор) и здравственото осигурување и условите за работа“ – се вели во барањето на рударите. Во меѓувреме, на 23 октомври 2023 година, Владата на Косово предводена од Албин Курти за Трепча издвои 1,6 милиони евра.“, пренесе Калѕо.

РТВ 21 -Столтенберг за ситуацијата на северот: Сѐ уште има тензии

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на вчерашната прес-конференција рече дека е неопходно Приштина и Белград да се воздржат од дејствија кои можат да доведат до натамошна ескалација и враќање на дијалогот под покровителство на Европската унија.

Столтенберг нагласи дека трупите на НАТО во Косово неодамна се засилени со неколку стотици војници од Италија, Бугарија, Романија и Велика Британија, пренесе РТВ 21.

Коха: Нови рации на север за случајот Бањска

Косовската полиција започна акција и на северот на земјата, како дел од истрагата за случајот Бањска.

Како што потврди заменик директорот на косовската полиција на север, Ветон Елшани, акцијата се одвива во сите четири општини.

Полицијата веќе во неколку акции зазеде арсенал оружје на север, од терористичкиот напад во Бањска на 24 септември, пренесува Коха.

АЛБАНИЈА

Перископи: Денеска се одржува судската седница против поранешниот премиер Сали Бериша

Денеска околу 14 часот и 30 минути е планирано да се одржи рочиште против поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, кому му е одредена мерка „принудно појавување“ во врска со приватизацијата на поранешниот комплекс Партизани, пренесува Перископи.

РТШ: Девет полицајци во Ѓирокастро се суспендирани од должност, обвинети  се за злоупотреба на службената должност

Агенцијата за надзор на полицијата (Регион Валона-Ѓирокастер) денеска соопшти дека ја извршила одлуката на Основниот суд од општата надлежност на Ѓирокастро, дека ја определил безбедносната мерка „Суспендирање на вршење на должност или јавна служба. “ за 9 полицајци во близина на локалната Дирекција Ѓирокастро.

Според соопштението, тие се осомничени за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Помагање за илегално преминување на граница“. Истрагите покажаа дека во некои случаи, откако ги оставиле мигрантите во делвинскиот дел, тие биле превезувани против профит од други лица или пак патувале на албанска територија, пренесува РТШ.

КОЛУМНА

Бота Сот: „Преродбата“ на Енвер Хоџа, „ремек дело“ на Еди Рама!?

„Веќе одамна се подразбира, и целосно е јасно дека денес да се биде енверист, вечен фанатик, со Енвер во срцето или со маска на едрамист, „преродбеник“ или покровител, во АЛБАНИЈА значи да се биде ненормален човек, антиличност , антиалбанска, антикосовска, антинационална…! Доволно е да се потсетите на неколку факти од „планината“ со факти за неговата перверзност, монструозност и антиалбанист, до тој степен што може да ве доведе до сомневање дали навистина бил Албанец или чист Србин… Додека бил жив убивал, затворал, протерал повеќе Албанци отколку италијанските и германските освојувачи.“, пишува авторот Џеват Мустафа во колумната  „Преродбата“ на Енвер Хоџа, „ремек дело“ на Еди Рама!?“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај