More

    Две лица ранети во пукање во Ист гејт мол, МВР објави фотографија и трага по осомничениот

    Во врска со пукањето од огнено оружје кое било пријавено денеска во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје кон две лица, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан.

    „Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, анонимно веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112“, соопшти МВР.

    Р.С

    Exit mobile version