Последни написи

Сања Арсовска за „Трн“: Арт Бригада создава нови генерации на деца кои ќе размислуваат независно

“Иако долги години сум поврзана со проекти за неформално образование на деца, не можев да го терам тоа сама, па со мојата драга другарка и колешка Ивана Павлаковиќ решивме да создадеме нешто заедничко што ќе биде корисно, едукативно и забавно за децата. Така се создаде Арт Бригада, преку која создаваме нови генерации на деца кои ќе размислуваат независно, ќе бидат сигурни во себе и ќе негуваат уметнички и човечки вредности”, вели актерката Сања Арсовска во интервју за “Трн.мк”

Таа во интервјуто зборува и за „Бруталиск“, кој како мал приватен културен центар е платформа за уметничко изразување и едукација на сите генерации.

“Генерално, ако постои нешто што сакам да го работам, земам и го работам. Создавам услови, се вложувам и не се откажувам. Освен во театар, таму има работи, односно, улоги што би сакала да го изиграм, но за тоа треба прилика, тоа е нешто што не зависи од мојата желба, туку од многу фактори”, рече Арсовска во интервјуто.

Актерката изјави дека улогата која најмногу ка променила е улогата на мајка, која ја натероло да сфати дека треба да се посвети на себе за да биде што подолго во животот на нејзиниот син.

Целото интервју може да се прочита на веб страницата на Трн.мк.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај