Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во негово име и од име на ВМРО-ДПМНЕ до сите граѓани на земјава упати честитка да за 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
„23 Октомври е датум кој во нашата колективна меморија е врежан како датум кога за прв пат македонскиот народ се организирал во организација за борба за слободна и независна држава. Формирањето на МРО, кое подоцна ќе прерасне и во народот ќе остане запаметено како ВМРО е симболот на пркос на Македонецот, воден од желбата за подобро утре“, се вели во честитката на Мицкоски.
Според Мицкоски, и денес, како и тогаш на тој 23 октомври 1893 година „ни е потребен тој пркос и желба за подобро утре“, а понатаму во честитката упати критики кон политиките на власта.
„Ако на основачите на ВМРО им било ВАЖНО формирање на Македонска држава. На нас нивните следбеници ВАЖНО ни е Македонија да биде просперитетна држава, каде ќе владее правото и секоја индивидуа ќе има еднаква шанса за успех. На ВМРО-ДПМНЕ и на мене лично ВАЖНО ни е Македонија да напредува и достигнува нови височини. Честит 23 Октомври, нека е вечна Македонија“, се вели меѓу другото во честитката на Мицкоски.
Р.С