Последни написи

Ковачевски на 23 Октомври: Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат

На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги споменуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност – се вели во честитката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
„Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава. Обединети, храбро и со забрзан чекор да продолжиме по европскиот пат и да обезбедиме прогресивна иднина за нашите деца. Нека е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба“, порача премиерот Ковачевски во честитката за 23 Октовмри.
Р.С

Latest Posts

Не пропуштај