Последни написи

Битиќи: Заедништвото е клучната порака која во наследство ни ја има оставено македонската револуционерна борба

Заедништвото е клучната порака која во наследство ни ја има оставено македонската револуционерна борба, пишува вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во порака на неговата официјална Фејсбук страница по повод празникот 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба.
„Пораката за заедништво особено се истакнува во Крушевскиот манифест. Таму, со повикот до комшиите и пријателите без разлика вера, убедување и народност, всушност, е вградена визијата за Македонија. Таа порака со желба за подобар живот е света водилка по која се водиме до денешен ден“, пишува Битиќи во неговата објава.
Битиќи во пораката укажува дека делбите се најголемата пречка за напредок на државата. „Да ги запреме поделбите. Да се обединиме внатре, да се помириме со соседите за обединување со европското семејство. Честит 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба“, се вели во објавата на вицепремиерот Битиќи.
Р.С

Latest Posts

Не пропуштај