More

    Костадиновска-Стојчевска: Покачените плати во културата со општиот колективен договор не го минираат секторскиот договор

    „Сакам да ги уверам и припадниците и вработените во институциите од култура дека апсолутно нивниот колективен договор е активен и важи и воопшто нема никаков обид за минирање, туку едноставно при склучување на општиот колективен договор којшто се потпиша меѓу владата и претставници на Сојузот на синдикати, Синдикатот на СКРМ не е дел од ССМ и токму затоа ние моравме да направиме вакви нови решенија, затоа што добиваат право на плата по друг Колективен договор“, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во разговор за Канал 5 Телевизија.

    Министерката за култура објасни дека како припадници на јавниот сектор на вработените на култура им следува покачување согласно општиот колективен договор.

    „Актерот од прва категорија, додека старата нето плата беше 53 263 денари, сега изнесува 58 450 денари без минат труд, што значи колку има повеќе минат труд знаеме дека тоа има уште повисока плата. На пример, платата на балетски играч првенец конкретно, старата плата односно нето платата која што ја гледаат на сметка изнесуваше 63 823 денари, сега без минат труд изнесува 70 115 денари“ рече Костадиновска-Стојчевска.

    Костадиновска-Стојчевска исто така посочи дека во март 2024 година, кога повторно ќе има зголемување на минималната плата, и платите во културата ќе продолжат да растат и повторно ќе мора да има нови решенија за плата, кои не го минираат колективниот договор во културата потпишан во 2019 година.

    Р.С

    Exit mobile version