More

    Спасовски: Потребно е обединување за националните интереси, не смее да има двојби за нив

    Oгромен процент од граѓаните ги поддржуваат стратешките цели, НАТО и ЕУ и рече дека земајва нема друг пат и друга алтернатива, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

    „За Северна Македонија потребно е да нема разидување во однос на остварувањето на стратешките национални интереси од политичките субјекти во земјата. За стратешка цел како што беше НАТО, како што е ЕУ, нема место за дебати како што имаме за одредени идеолошки прашања“, рече Спасовски

    Тој додаде дека за тоа како ќе биде компонирана следната влада ќе зависи од изборите, но изрази убеденост дека не треба да има двојби за националните интереси.

    Според Спасовски, ако час поскоро се заврши процесот за уставните зимени, ќе можеме да продолжиме со европските интеграции и низ процесот на преговорите ќе можеме да ги донесме европските вредности во државата и институциите. „Тоа е крајна цел и желба на граѓаните“, подвлече Спасовски во неговото гостување на ТВ 24.

    Р.С

    Exit mobile version