Последни написи

Богохулење: Рускиот патријарх Кирил „препозна“ Божјо учество во создавањето на руското нуклеарно оружје

Патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, и близок соработник на рускиот диктатор Путин, тврди дека Бог го наредил создавањето на руското нуклеарно оружје за масовно уништување кое може да убие милиони невини луѓе.

Патријархот Кирил„препозна“ Божјо учество во создавањето на руското нуклеарно оружје, објави во пост на Икс (поранешен Твитер) источноевропскиот медиум Некста.

Руското нуклеарно оружје е создадено благодарение на Бога и свети Серафим Саровски, изјави во средата патријархот Кирил.

„Да не беше делото на Курчатов [креаторот на советската атомска бомба] и неговите колеги, тешко е да се каже дали нашата земја би постоела“, рече Кирил при предавањето на Орденот Свети Сергиј Радонежски на Радиј Илкаев, шеф на Рускиот федерален нуклеарен центар во Саров.

Советските научници „создадоа оружје под превезот на свети Серафим Саровски, бидејќи по Божја наредба е создадено ова оружје“, рече Кирил.

Тој додаде дека нуклеарното оружје е клучот за независноста на Русија, а нивните развивачи ја „спасиле“ земјата, се вели во постот на Некста на Икс.

Ова е богохулење. Како може еден патријарх, па макар бил и руски, да тврди дека Бог наредил создавање оружје за масовно уништување кое може да убие милиони невини луѓе?

Драган Мишев

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај