Последни написи

Ковачевски: Европската Унија е посветена на што поскора и побрза интеграција и на земјите и на регионот

„Европската Унија е посветена на што поскора и што побрза интеграција и на земјите и на регионот. Тука доаѓам директно од Самитот на Берлинскиот процес, каде разговаравме како да ги забрзаме евроинтеграциите. Во таа насока, претседателката на ЕК го појасни планот за пораст, во кој пред сè се отвораат вратите на единствениот пазар во одделни клучни области за компаниите од западен балкан уште сега“, истакна премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на компанијата „Вивакс“, по што одговараше на новинарски прашања.

Тој додаде дека преку реформите што не очекуваат со останатите земји од Западен Балкан, ќе станеме уште попривлечни за инвеститорите и дека ќе се овозможи зголемување на претпристапните средства од Унијата за земјите од регионот.

„Вратите на ЕУ, и медиумите кои беа во Тирана на Берлинскиот процес можат да се уверат, дека се отворени за регионот, особено формулацијата којашто ја искористи францускиот претседател, дека Европската унија треба да се обедини, бидејќи проширувањето би значело вон границите на ЕУ, ние сме во рамки на границите на ЕУ, со оглед дека околу Западен Балкан сите се земји членки на ЕУ, нешто што го сметам за исклучително позитивно, и сега ќе зависи и од реформите на ЕУ и од нашите реформи тој процес да го завршиме до онаа цел која сите ја поставија да биде 2030 година“, потенцираше Ковачевски.

„Вратите се отворени, но ние треба да ја покажеме нашата подготвеност дека можеме и умееме да ги исполниме очекувањата на граѓаните, да ги донесеме потребните одлуки и со тоа да ја оствариме втората стратешка цел на државата – полноправно членство во ЕУ до 2030 – е амбициозна, но верувам остварлива цел која ќе донесе многу придобивки и за граѓаните и за компаниите како што екомпанијата во којашто сме денес“, рече Ковачевски пред новинарите.

Р.С

 

Latest Posts

Не пропуштај