Последни написи

На Мијалков и дел од обвинетите им застарија две од делата за „Таргет-Тврдина“, останува обвинението за уништување на опремата

За случајот „Таргет-Тврдина“, за Сашо Мијалков,Горан Груевски, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски, кои беа обвинети за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување, денес Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка поради настапено застарување.

Со измените на Кривичниот законик донесени неодамна, застарија кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот. Во судница ќе останат обвинетите што се опфатени со делот на обвинението за уништување на опремата за прислушување.

Судијата Илија Трпков во Основниот кривичен суд Скопје, на денешното рочиште за случајот со нелегално прислушување од јуни 2017 година, рече дека Кривичниот совет го имал во предвид предлогот на јавниот обвинител изнесен пред почетокот на денешната главна расправа за предметот.

Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште предложи Судот да ги примени измените на Кривичниот законик врз точките 1 и 2 од обвинението за „Таргет-Тврдина“ и да го примени соодветно материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност, додека главната расправа да продолжи за точка 3 од обвинението, за што обвинителката ќе се произнесе во завршниот збор.

Ристовска, на почетокот на рочиштето денес рече дека по однос на точка 1 и 2 од обвинението има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ, од 7 септември 2023 година. По ова, Судечкиот совет се повлече за одлучување и се произнесе по пауза од половина час.

Со обвинението се опфатени екс-началникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се вееќе неколку години во бегство во Грција и се бараат со меѓународна потерница. Обвинета во случајот  и екс-министерката за внатрешни работи Јанкулоска, поранешниот прв човек на УБК Мијалков и шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, како и Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од оваа Управа. Тие се обвинети за нелегалното прислушување кое опфати околу 20 илјади лица, на начин што преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви,  без воопшто за тоа да бидат издадени судски наредби.

Инаку , случајот на почетокот на годинава беше вратен на повторно судење по одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда.

Р.С

 

Latest Posts

Не пропуштај