More

    Битиќи за ТВ24: Растот на платите ја надмина инфлацијата

    „Во месец април 2023 година растот на платите ја надмина инфлацијата. Тоа е добриот сигнал и треба да се следи. Се додека растот на платите е подобар од инфлацијата тоа е добар параметар дека следната година ќе дојдеме во нормала“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

    Тој додаде дека со системското решение за минималната плата во март следната година ќе има ново нејзино усогласување со инфлацијата и растот на просечната плата.

    „Нема веќе договарање и преговарање. Ќе видиме раст на инфлација, раст на просечна плата, по 50 отсто од двата параметри и така се усогласуваме минималната плата. Исто е и кај пензиите, но таму тоа се прави два пати во годината за побрзо да се одговори на инфлаторните движења“ рече Битиќи.

    Извор: ТВ24

    Exit mobile version