Последни написи

Ексклузивно од Украина, Османи за „Цивилмедиа“: Украина останува во фокусот на вниманието

„Кога почнавме со претседавањето имавме еден воспоставен принцип: no business as usual – оваа година. Не може да разговараме за обичните теми на ОБСЕ во смисла на сеопфатната безбедност. Кога ви се рушат темелите на организацијата тогаш мора да се фокусирате на тоа, а овде во Украина баш тоа се случува: руската агресија врз Украина ги руши принципите на меѓународниот поредок“, вели во ексклузивно интервју за Цивилмедиа министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој е во посета на Кијив.

Османи истакна дека Украина беше топ приоритет на нашето претседавање на ОБСЕ, затоа што тука се утврдува или се руши иднината на пристапот на ОБСЕ во смисла на сеопфатна безбедност во Европа.

„Мојата прва посета како претседавач беше во Кијив, еве ја заокружувам годината повторно во Кијив“, изјави Османи.

Османи зборуваше и за 21 проект кои ОБСЕ ги води во Украина, од кои еден е и деминирањето.

„Проценката е дека околу 100.000 километри квадратни во Украина се контаминирани со мини. Процесот на деминирање нема да биде краткорочен. ОБСЕ ги поставува темелите и ќе ги има предвид и еколошките последици од еден таков процес“, истакна Османи.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај