More

    Османи како Претседавач со ОБСЕ утре повторно во работна посета на Украина

    Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, како Претседавач со ОБСЕ повторно ќе ја посетам Украина, за да изрази поддршка за земјата и солидарност со граѓаните изложени на немилосрдните последици на војната, соопшти тој на неговата официјална Фејсбук страница.
    „Влијанието на воената агресија на Русија врз Украина силно се чувствува во поширокиот регион на ОБСЕ, ги промени глобалните текови и ги разниша основните заложби на Организацијата. Со украинските владини претставници ќе разговарам како да ја зајакнеме улогата на ОБСЕ и на нејзината Програма за поддршка на Украина во насока на ублажување на последиците од војната за луѓето од погодените подрачја, но и влијанијата од неа врз поширокиот регион на ОБСЕ“, информираше Османи.

    Во рамки на престојот во Украина, Османи ќе оствари и неколку теренски посети за одблиску да се запознае со ситуацијата на терен, како и со потребите на граѓаните. Османи ќе го посети Центарот за заштита на правата на децата, а ќе биде запознаен и со работата на единиците на Украинската служба за вонредни ситуации и процесот на деминирање на теренот.

    ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина вклучува помош во повеќе области како што се хуманитарно деминирање, промоција на владеење на правото и ублажување на последователните еколошки и економски влијанија од воената агресија на Русија против Украина.

    Украина беше првата земја која Османи ја посети на почетокот на неговиот мандат како Претседавач со ОБСЕ во јануари оваа година. Втората посета доаѓа како продолжение и потврда на заложбите на ОБСЕ за помош на Украина и ублажување на последиците за луѓето од погодените подрачја предизвикани од руската воена агресија во Украина, и на влијанијата од неа врз поширокиот регион на ОБСЕ.

    Р.С

    Exit mobile version