Последни написи

Нападнат конвој со палестински цивили во северниот дел на Газа, меѓу загинатите има и деца

Во северниот дел на Газа е нападнат конвој со палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа. Според првите извештаи меѓу убиените има и деца.

Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ.

Патот беше блокиран цел ден, бидејќи жителите на Газа од север го послушаа израелското предупредување да ја напуштат областа.

Британскиот јавен сервис наведува дека на снимките се гледаат најмалку 12 тела. Главно станува збор за жени и деца, меѓу кои има и деца од две до пет години.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека околу 70 луѓе биле убиени на самото место и го обвини Израел за нападот.

Илјадници Палестинци денеска избегаа од северниот дел на Газа, бегајќи од планираната израелска инвазија. Израел вети дека ќе ја уништи милитантната група Хамас по дивеењето на нејзините борци кои упаднаа во израелските градови пред една недела, убивајќи цивили и бегајќи со голем број заложници. Околу 1.300 луѓе се убиени во најтешкиот напад врз цивили во историјата на Израел.

Оттогаш израелските сили го држат Појасот Газа под целосна опсада и го бомбардираа со невидени воздушни напади. Властите во Газа соопштија дека се убиени повеќе од 2.200 луѓе, од кои една четвртина се деца, а речиси 10.000 се повредени. Израел му даде рок на целото население од северната половина на Појасот Газа да се евакуира денеска во 15 часот по средноевропско време.

„Војниците околу Појасот Газа се подготвуваат за следната фаза од операциите“, изјави портпаролот на израелската армија, потполковник Џонатан Конрикус на видео брифинг претходно денеска. Од друга страна, Хамас му порача на населението да остане. Израел вели дека Хамас ги спречува луѓето да заминат за да ги користи како жив штит, а Хамас го негира таквото тврдење.

Г. Т.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај