Последни написи

ДКСК утврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски за Пиксел груп

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) потврди дека нема повреда на одредбите од член 45 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси што пропишува ограничувања за вршење на дејност за време на вршење на функцијата, по обвинението дека премиерот Димитар Ковачевски во својство на заменик – министер за финансии можел да влијае врз постапката на државна помош кон фирмата Пиксел гроуп, основана од него и неговиот кум.

Комисијата утврди дека фирмата ги исполнувала условите на конкурсот и договорот за финансика помош бил потпишан пред Ковачевски да биде избран за заменик-министер.

Фирмата договорот го склучила на 13 август 2020 година, додека Ковачевски стана заменик-министер на 23 септември 2020 година, а веќе на 29 септември тој доставил барање за истапување од сопственоста на фирмата и во целост ја отстапува на неговиот кум.

Со ова паднаа во вода обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и таканаречената афера „Броило“, за која што оваа партија имаше соопштенија и обвинувања лиферувани во јавноста и медиумите.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај