Последни написи

Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, тајмингот е нешто кое може да се разговара

„Во однос на изборите ние имаме јасен став и веќе тој став е апсолвиран, тие ќе бидат редовни. Во однос на тајмингот тоа е нешто кое може да се разговара. Во однос на тоа во кој месец ќе биде тоа е согласно роковите во собранието, сметам дека тука треба да седнат претставници на политичките партии на работно ниво кои што ќе можат да разговараат за деталите“, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањата на новинарите, по посетата на „Мако Маркет“, една во низата компании кои со буџетски средства го модернизираат и прошируваат производството.

Ковачевски информираше дека ќе влезе во процедура измената на Изборниот законик, бидејќи во Министерството за правда работи работната група составена од експерти и претставници на политички партии, во која единствено ВМРО-ДПМНЕ нема претставник, односно, како што рече тој, не сакаат тие да учествуваат во ништо и се во фаза на блокада и изолација.

„Меѓутоа, законот согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР мислам дека е во финална фаза и тој веќе ќе влезе во процедура, каде сите политички партии ќе треба да го разгледуваат. Нормално, на такво работно ниво, со оглед на тоа што претседателот на Собрание веќе одржа координација со претставници на сите пратенички групи ги информираше за датумите кога би можеле да се случат изборите, ќе може да се седне и на такво ниво да почнат да се договараат деталите. Се работи за работа на ниво на работни материјали“, рече Ковачевски пред новинарите.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај