Последни написи

„Walk and Talk“ во Струмица и Валандово – младите ќе пешачат и разговараат за менталното здравје

Во петок во Струмица и Валандово ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација.

Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст.

Според концептот на проектот предвидено е креирање на мапа по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно со младите ќе разговараат за сите предизвици со кои тие се соочуваат.

Walk&Talk мапата за Струмица е достапна на следниот линк: https://t.ly/wh49O

Walk&Talk мапата за Валандово е достапна на следниот линк: https://t.ly/7LQni

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Вакви настани ќе се организираат во 16 општини и во градот Скопје.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај