Последни написи

Спасовски за случајот Онкологија: Вештачењата треба да ги покажат сите факти и на основа на доказите ќе се носи одлука во ЈО

„Јас на дебатата во Собрание односно на надзорната расправа кажав дека материјалите коишто се одземени, дали се тоа електронски уреди, медицинска документација, во моментот се наоѓаат на вештачење. Вештачењата треба да ги покажат сите аргументи, сите факти, сите докази односно целата таа постапка и на основа на тоа што ќе биде во вештачењата, доказите коишто ќе бидат понудени, секако дека ќе се носи одлука во Јавното Обвинителство. Се водат финансиски истраги за седум лица“, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Дневникот на ТВ Сител, одговарајќи на прашање за случајот Онкологија.

Тој додаде дека тоа не значи дека тие се осомничени, и посочи дека е свесен дека ова е тема што предизвикува внимание во јавноста, меѓутоа е многу важно до крај да се завршат работите и на основа на сè што ќе се обезбеди како доказ, да се именуваат тие што се виновни во овој случај, да се изведат пред лицето на правдата и секако да се оттргне вината генерално од лекарската фела.

„Нема да говорам ништо повеќе од тоа што сум го кажал на надзорната расправа, ниту можам тоа да го правам. Тоа се веќе детали од истрагата и секогаш е најдобро кога истрагата се води од институциите, ако веќе дојде моментот за соопштување во јавноста тоа да го направиме. Инаку, апсолутно не е целисходно ние сега да излегуваме во јавност, да шпекулираме, да нагаѓаме итн…тоа само ќе му штети на овој процес“, укажа Спасовски.

Според министерот за внатрешни работи, и министерството и Јавното Обвинителство работат интензивно и нивна заедничка цел е најбрзо што може да се завршат сите овие постапки и на крајот да резултираат со очекувањата.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај