More

    Блинкен: Ќе обезбедиме Израел да го има потребното за да ги заштити своите граѓани и да ги ослободи заложниците

    „Ќе продолжиме да работиме за да обезбедиме Израел да го има она што му треба за да ги заштити своите граѓани и да обезбеди ослободување на заложниците“, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера на Твитер (Екс).

    Стејт департментот објави дека државниот секретар Блинкен ќе отпатува во Израел за да се сретне со израелските лидери и да продолжи да ги поддржува во нивната борба против терористите. „Додека се упатувам кон Израел, ќе работам да се осигурам дека тие се опремени да се бранат себеси и да се осигурам дека сите непријателски страни знаат дека не смеат да се обидуваат да ја искористат ситуацијата“, рече секретарот Блинкен на Твитер/Х.

    Exit mobile version