Последни написи

Израелскиот министер со жесток вокабулар врз основа на дезинформации: Нема потврда за обезглавени деца во Кфар Аза

Многу е веројатно израелскиот министер за економија Нир Баркат да се повел од можни дезинформации  при неговата изјава за убиените 40 деца/бебиња во масакрот во Кфар Аза дека „некои од нив беа живи запалени, на некои им беа отсечени главите, некои беа застрелани во глава“, базирајќи се на извештајот за обезглавени бебиња од страна на терористите на „Хамас “ кои го објавени новинарката на 24 NEWS, Никол Зедек по медиумската турнеја во селото.

Новинарката подоцна ретерираше, и изјави дека не била сведок на настанот, тука така и било кажано во разговор со израелските војници кои веруваат дека 40 деца/бебиња биле убиени.

Орен Зив, израелски новинар и фотограф од тел Авив, кој беше дел од новинарските екипи во Кфар Аза, објави на Твитер дека за време на медиумската турнејата не виделе никаков доказ за тоа.

Добивам многу прашања за извештаите на „Хамас обезглавени бебиња“ кои беа објавени по медиумската турнеја во селото. За време на турнејата, на новинарите им беше дозволено да разговараат со стотиците војници на лице место, без надзор на армискиот портпарол. Новинарката на 24 рече дека слушнала „од војници“.Војниците со кои разговарав во Кфар Аза вчера не спомнаа „обезглавени бебиња“, пишува Зив.

 

 

 

Ова не значи дека не биле извршени воени злосторства. Сцената во Кфар Аза беше ужасна, со десетици тела на Израелци убиени во своите домови, вели Зив и додава. За жал, Израел сега ќе ги користи овие лажни тврдења за да го ескалира бомбардирањето на Газа, и таму да ги оправда сопствените воени злосторства.

 

Израелската армија нема информации кои ги потврдуваат наводите дека „Хамас обезглавувал бебиња“, изјави за Anadolu во вторникот портпаролката на единицата на израелската армија, кога турската новинска агенција телефонски контактираше со единицата на портпаролот на израелската армија и праша за наводите, таа рече:

„Ги видовме вестите, но немаме никакви детали или потврда за тоа“.

Д. Мишев

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај