Последни написи

Спасовски: Во наредните десетина дена ќе се отворат уште десет места за менување на лични документи во Скопје

„Ќе имаме најмалку десет нови работни позиции каде што ќе може граѓаните да ги менуваат личните документи во Скопје. Тоа ќе бидат пред се за луѓе кои нема да се пријавуваат и ќе можат директно да одат таму“, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во емисијата „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека овие пунктови ќе бидат отворени и ставени во функција во наредните десетина дена.

„Јас сум убеден дека до февруари 2024 година ќе дојде до промена на сите документи според динамиката која што ја имаме“ рече Спасовски.

Министерот за внатрешни посочи дека преку еден милион граѓани веќе успеале да ги заменат своите лични карти и пасоши, но истовремено нагласи дека не се почитуваат преку 70 отсто од закажаните термини за промена на лични документи, што дополнително го одлговлекува целиот процес.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај