More

    Клековски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја потврди кредибилноста на агенцијата „Стратум“ што ја спроведе анкетата на Фокус

    „Стратум работи политички рејтинзи подолго од една деценија, еден долг период. Стратум е релативно нова агенција на полето на партиски политички рејтинзи, иако основачот не е нов во истражувачкиот свет, значи основачот на Стратум е жена која е најдолго присуствува во истражувањето на Македонија“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

    Според Клековски, кој порано беше извршен директор на една од поголемите невладини организации МЦМС и има големо истражувачко искуство, анкетите треба да служат за да се прикаже какво е расположението на граѓаните и да не се користат за креирање на лажни перцепции.

    Инаку, анкетата изработена од Стратум, а нарачана и објавена од неделникот „Фокус“, покажува дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за пад на рејтингот на опозициската партија, но и подобрување на рејтингот на владејачката СДСМ.

    За ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле дека би гласале 10.1% од испитаните граѓани, додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните. Од друга страна, за СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаницитe. Во вакви околности, владејачката партија избива на прво место.

    Раздорот во ВМРО-ДПМНЕ, освен директна корист за СДСМ, се одрази и на рејтингот на политичарите, при што актуелниот премиер и претседател на најголемата владејачка партија, Димитар Ковачевски во анкетата на „Фокус“ е најомилен политичар. За него во анкетата се изјасниле 12.8% од граѓаните, за Никола Груевски се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% од анкетираните.

    Р.С

    Exit mobile version