Последни написи

Битиќи: Нема зголемување на ДДВ на традиционалните сирења и брашно

„Традиционалното кравјо сирење нема зголемување на ДДВ, но ако има друг вид сирење што се увезува, од овчо или козјо или друго млеко, тие ќе бидат во категоријата со 10 отсто ДДВ. Брашното исто така не е во категорија на производи што ќе има зголемен ДДВ, туку специфично брашно, мислам дека беше брашно од компир, тоа влегува во категорија со данок од 10 отсто“ објасни вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во неговото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека ќе има промени на одлуката, бидејќи се уведени дека некои тарифни броеви се поклопуваат и со останати производи.

„Во тарифен број може да има 10 различни производи и да поминат без да се погледнат. На крајот има близу 2600 различни производи кои се опфатени со владината одлука, па ќе има мала промена за оние производи кои се вклучени во потрошувачката кошничка и ќе се смени одлуката за враќање на повластената стапка од ДДВ од 5 отсто“, рече Битиќи.

Р.С

 

Latest Posts

Не пропуштај