Последни написи

Аналитичари: На Мицкоски му престојат „тешки“ денови; Дали Арсовска може да биде „шпицен играч“ место него?

Новата анкета на неделникот Фокус покажа драстично разместување на расположението на политичките преференции на граѓаните после последниот жесток партиско-политички судир меѓу поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Христијан Мицкоски, вели во изјава за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски.

Благојче Атансоски
Благојче Атансоски

– Всушност, таа анкета покажува дека ако Никола Груевски преку градоначалничката на Град Скопје, се појави на следните парламентарни избори преку партиски или граѓански листи ќе нанесе директна штета на резултатот на опозицијата, односно ќе ги преполови десничарските гласови. Тоа според мене е и очекувано, бидејќи станува збор за долгогодишен поранешен премиер, уште повеќе и лидер на ВМРО-ДПМНЕ што сè уште има големо влијание врз десничарските гласачки изборни бази кои во него гледаат херој и патриот, наместо осуден криминалец, смета Атанасоски.

Берат Азизи

Од друга страна, политичкиот аналитичар Берат Азизи смета дека на рејтингот на политичките лидери во Северна Македонија не влијаат многу поединци или нивните противници, туку сè зависи од мислењето и перцепцијата на граѓаните.

– Последните анкети кои покажуваат дека поранешниот премиер Никола Груевски е попопуларен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, во време кога Груевски не е активен во политиката, јасно покажуваат дека јавноста (граѓаните) во земјава сè уште имаат носталгија за поранешниот премиер. Од друга страна, мислам дека политичката иднина на Христијан Мицкоски воопшто не е во рацете на Данела Арсовска, иако таа повеќе не ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ. Ова го велам врз основа на фактот дека Данела како кандидат за град Скопје имаше голема поддршка од албанските политички субјекти кои беа одлучувачки за нејзината победа. Друг елемент што мислам дека влијанието на Данела воопшто нема да му наштети на рејтингот на Мицковски е поврзан со тоа што граѓаните секогаш го поддржуваат политичкиот субјект, платформата на политичката партија и политичката програма, игнорирајќи ги поединечните личности, смета Азизи.

Според него, ако Данела Арсовска создаде политичка партија, тогаш може да имаме поинаква ситуација не само со Мицкоски туку и со другите политички субјекти, бидејќи незадоволните граѓани може да се преселат во таборот на Арсовска.

Зоран Иванов, панел „Уставни измени- Исток или Запад“, 29 јуни 2023 год. фото: Д. Муратов

Долгогодишниот новинар и познавач на политичките случувања во земјава, Зоран Иванов потенцира дека Арсовска е сепак преслаба политичка конкуренција на политичката сцена во Северна Македонија. Но, додава дека тоа не значи дека не е повешта од Мицкоски, но факт е дека зад вториов покрај тридецениска доминантна партиска традиција стои и една цела организирана вмрежена партиска структура, а на таа тема скопската градоначалничка е само флуид.

– Еден со друг не се конкуренција. Најмногу што Арсовска може да посегне во политиката е да се докопа до пратеничко место и тоа евентуално преку некоја предизборна коалициска структура од партиите во најава и ништо повеќе, а и не верувам дека би си го скратила мандатот на привлечната градоначалничка функција за замена за собраниско столче, изјави Иванов за „Фронтлајн“.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека Данела Арсовска му наштети на Мицкоски од кога храбро му кажа дека со нејзе не може да изведе коруптивни и криминални дејства, како што беше со финансиските срества за Пречистителната станица во Скопје.

– Од друга страна Мицкоски се повлече исплашен од тоа што ќе излизе со „рацете во мед“ и се одлучи со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да ја попречува во остварувањето на програмата ветена за градот Скопје. Градоначалничката Арсовска требаше да оди до крај со Мицкоски во случајот на „рацете во мед“ со докажување пред јавноста и обвинителството. Но како и да е, до некаде му наштети на „чистиот образ“ на Мицкоски, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.

На Мицкоски, додава тој, му престојат многу предизвици во кариерата како партиски лидер, бидејќи, смета Рамадани, неговите негаторски ставови ги нарушуват односите со САД и ЕУ, како и со земјите од соседството.

– Во внатрешната политика ги нарушива односите со Албанците, со неговиоте некогашни лидери и значајни истомисленици. Во овие последните е и Данела Арсовска која може да му наштети во намерите за премиер до толку за да им прегори желбата за таа висока и многу одговорна функција. Се надевам дека доволно ќе им биде и на двајцата да останата несудени шпицни играчи. Времето ќе покаже кој кого „изеде“ политички во наредните месеци, нагласи Рамадани.

Проф. Ана Чупеска

Професорката Ана Чупеска во изјава за „Фронтлајн“, вели дека Мицкоски откако е на чело на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да се издигне над личните интереси и не направи ниту еден зрел потез во интерес на државата

„Анкетата укажува една сигурна работа а тоа е дека Мицкоски седи на две столчиња а најбитно му е неговото лично. Откако е на чело на ВМРО ДПМНЕ не успеа да се издигне од личните интереси негови и на неговата блиска околина, и не направи ниту еден зрел политички тотез во интерес на државата“, истакна Чупеска

Последната анкета на „Фокус“ покажува дека поранешниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сè уште има подобар рејтинг и е поомилен кај нивните гласачи од сегашниот претседател, Христијан Мицкоски.

Груевски е омилен кај 11,1 отсто од избирачите, додека Мицкоски има поддршка од 10,5 отсто. Дури и шест години по преземањето на претседателското столче во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не успева да го надмине рејтингот на својот претходник.

Оваа анкета е прва која излегува по внатрешниот раздор во опозициската партија во кој Мицкоси и Груевски преку медиумите и социјалните мрежи влегоа во отворена битка. Очигледно ваквиот внатрешен раздор се пресликува и во јавноста, но и има ефект врз рејтингот и стабилноста на партијата на политичката сцена. Анкетата на „Фокус“ покажува дека големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнаа партијата и го намалуваат нејзиниот партиски рејтинг.

Дестан Јонузи

Извор: Фронтлајн.мк

Latest Posts

Не пропуштај