More

    Ковачевски до стопанствениците: Мора да продолжиме стратешки кон она што сме го зацртале од осамостојувањето, а тоа се евроинтеграциите

    „За повисоки стапки на економски раст, ние мора да продолжиме стратешки кон она што сме го зацртале како земја уште од осамостојувањето, а тоа се евроинтеграциските процеси кои и според Светска Банка,  ќе бидат ветер во грб за реализација на структурните реформи. Понатаму, за забрзување на економскиот раст, а во насока на приближување кон европските стандарди, од голема важност е реализацијата на инфраструктурните проекти, планираните крупни капитални инвестиции во државата, како Коридорот 8 и 10 Д, кои ќе генерираат до 8000 нови, подобро платени работни места и постручни, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на Инфо сесијата посветена на стопанствениците „Довербата расте“.

    Тој потенцираше дека евроинтеграциите се многу важни за економскиот развој на државата – проценката е дека бруто домашниот производ на ЕУ во целина заради синергетскиот ефект е поголем за 10% од колку што би бил доколку земјите членки на ЕУ не би биле дел од ЕУ. Тоа во реални пари значи приближно 850 евра дополнителен годишен доход по жител, во текот на една година само затоа што земјата е членка на ЕУ.

    „Воедно, европските интеграции овозможуваат пристап до средства кои до полноправното членство означуваат дополнителен развој. Во сите овие години независност, финансиската поддршка на ЕУ се проценува на над 3,3 милијарди евра, средства кои нашата држава ги добила преку грантови и макрофинансиска поддршка, кои ни овозможиле ликвидносна поддршка, забрзување на деловната активност и индиректно, повисоки плати и пензии, намалување на невработеноста, зголемување странски инвестиции и изградба на подобра инфраструктура во државата“, посочи Ковачевски.

    Во оваа прилика премиерот го спомена и историскиот успех во користењето на ИПАРД 2 во однос на ИПАРД 1 и во однос на земјите во регионот и додаде дека Европската комисија ценејќи го фактот дека Северна Македонија е држава која најдобро и најмногу ги искористи средствата од ИПАРД 2 програмата, го зголеми пакетот за ИПАРД 3 на 97 милиони евра до 2027 година, а првиот повик е веќе објавен за нови проекти и сме прва држава која го објави повикот за ИПАРД 3 програмата.

    Р.С

     

     

    Exit mobile version