Последни написи

Анкета на „Фокус“: Мнозинството граѓани сметаат дека антикризните мерки на Владата даваат позитивен резултат

Над 50% од испитаните граѓани сметаат дека антикризните економски мерки на Владата даваат позитивен резултат, покажа последната анкета објавена од „Фокус“.

На прашањето „Дали сметате дека политиките на владата за ублажување на кризата предизвикана од војната во Украина, даваат позитивен резултат“, повеќе од 19 отсто се изјасниле дека „даваат значаен резултат“, 31.5% од граѓаните сметаат дека „даваат делумен резултат“, а 23,6% од граѓаните сметаат дека „даваат минимален резултат“. Само 18.4% од граѓаните сметаат дека мерките не даваат никаков резултат.

Анкетата на „Фокус“ спроведена преку телефон на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, исто така покажува дека економската стабилност е главната тема за граѓаните.

Според резултатите на анкетата, исто така може да се види дека внатрешниот раскол во ВМРО-ДПМНЕ се одразува по рејтингот на партијата, но и врз рејтингот на најзиниот претседател, Христијан Мицкоски. Мицкоски има помала доверба од неговиот претходник, Никола Груевски, но и двајцата имаат помал рејтинг од актуелниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

 

Latest Posts

Не пропуштај