Последни написи

Лукаревска: Со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат, двојно од нивото на коешто се денеска

„Често зборуваме за позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои досега се зачлениле. Затоа што тие се најсилен показател. Во првите 5 години од членство во ЕУ платите за работниците растат од 70-100%. СДСМ успеа за краток период да ја зголеми двојно минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 37.000 денари и просечната пензија да ја зголеми за 40%. Со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат, двојно од нивото на коешто се денеска“, истакна заменик-претседателката на СДСМ во своето обраќање на трибината од серијалот трибини на СДСМ „Разултати што прават разлика“, на тема „Култура за сите, култура над сѐ“

Таа додаде дека членството во ЕУ носи пораст на БДП и до над 80%. Дополнителен годишен доход по жител од 850 евра, во текот на една година само затоа што земјата е членка на ЕУ.

„Ако СДСМ успеа во кризна година да обезбеди 753 милиони евра странски инвестиции, со членство во ЕУ овие инвестиции ќе бидат значително поголеми. Тука секако е и пристапот до различни фондови. Хрватска на пример за 10 години има 12 милијарди евра“, потенцираше Лукаревска.

Таа додаде дека ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира.

„ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Нема ниту еден аргументи зошто се блокира подобар животен стандард на граѓаните. ВМРО нуди само страв, тензии меѓу етничките групи, помалку инвестиции, помалку можности и на крајот сиромаштија и заостанатост. Изборот е јасен и мора да победиме за да ја спасиме следната генерација на нашата земја“, посочи Лукаревска.

Динамиката за проширување на ЕУ е реална и сега треба да се донесат државнички одлуки. Не за изолација, да за интеграција. Затоа што нашето место е во ЕУ, заклучи Лукаревска.

Р.С

 

Latest Posts

Не пропуштај