Според последната анкета на „Фокус“ која како што е најавено на порталот на овој медиум, ќе биде објавена утре, за неполни две години од стапувањето на функцијата претседател на Владата, Димитар Ковачевски е најпопуларен политичар во земјава.
Додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е зафатена со внатрепартиски битки помеѓу актуелниот претседател, Христијан Мицкоски и пораншениот, Никола Груевски, рејтингот на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски е во постојан раст.
Според резултатите од анкетата, Ковачевски е омилен политичар на 12,8 отсто од испитаниците, со што е попопуларен од Груевски и Мицкоски, кои имаат 11,1 и 10,5 отсто поддршка од граѓаните.
Р.С