More

    Втор национален саем за храна и пијалаци, Ковачевски: Уникатниот вкус на македонските производи, нѐ прават високо ценети во светот

    Уникатниот вкус на македонските земјоделски производи, храна и вино, кои се произведуваат на оваа наша сончева земја, се нешто по кое што сме единствени и високо ценети во светот – истакна премиерот Димитар Ковачевски на отвораљњето на Вториот национален саем за храна и пијалаци во Скопје.

    За изложените производи на саемот, Ковачевски рече дека се вистинската слика за нашата македонска земја и за нашата традиција.

    „Традиционални производи, кои од генерација на генерација се пренесувале, се чувале и се усовршувале. Но, го задржале единствениот наш македонски вкус- вкусот на традицијата“, изјави Ковачевски.

    Премиерот додаде дека високиот квалитет на македонската храна е баран, а тоа е
    благодарение на нашата плодна почва и поднебје, на многуте сончеви денови, и пред се на вредните раце на нашите земјоделци.

    „Тоа е резултат на долги години земјоделска, сточарска, лозарска, овоштарска традиција, која посветено се пренесувала од генерација на генерација, тука во срцето на Балканот“, рече Ковачевски.

    Р.С

    Exit mobile version