Последни написи

Фон дер Лајен по Самитот во Гранада: Пристапот е врз основа на заслуги, нема куси патеки

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на прес конференција по самитот во Гранада рече дека самитот беше подготовка за иднината на ЕУ и дека во таа перспектива треба да се гледа дебатата, којашто за проширувањето на ЕУ се водеше на неформалниот самит во овој шпански град.

„Пристапот е врз основа на заслуги, нема куси патеки. И ние треба да ја направиме нашата домашна задача за да бидеме подготвени да ги дочекаме земјите што сега се кандидати за членки на ЕУ. Во ноември на ова прашање ќе посветиме поголемо внимание, а во проширувањето ќе биде приоритет и на белгиското претседателство во првата пололовина на 2024 година“,  истакна фон дер Лајен.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај