Последни написи

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир за борба против угнетувањето на жените

Затворената активистка Наргес Мохамади, која со години води кампања за правата на жените, демократијата и против смртната казна во Иран, ја доби Нобеловата награда за мир, јави Асошиејтед прес.

„Оваа награда е пред сè признание за многу важната работа на целото движење во Иран со неговиот неприкосновен лидер, Наргис Мохамади“, изјави Берит Реис-Андерсен, претседател на Норвешкиот Нобеловиот комитет кој ја објави наградата во Осло. „ Не е на Нобеловиот комитет да одлучува за влијанието на наградата. Се надеваме дека таа е охрабрување да се продолжи со работата во која било форма што ова движење смета дека е соодветна“, рече Реис-Андерсен.

Последната затворска казна за Мохамади започна по нејзиното приведување во 2021 година, откако присуствуваше на помен за лице убиено во протестите во 2019 година што се одвиваа низ целата земја, а беа предизвикани од зголемувањето на цените на горивата. Таа е затворена во озлогласениот затвор Евин во Техеран, чии затвореници ги вклучуваат оние со врски со Западот и политички затвореници.

Р.С

 

 

Latest Posts

Не пропуштај