Последни написи

Започна со работа собраниската Анкетна комисија за „Онкологија“, први на распит актуелниот и поранешните министри за здравство

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија започна со работа Анкетната комисија за случајот „Онкологија“, со која претседава пратеничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

По првиот состанок, Мизрахи денска ги информираше новинарите дека Комисијата ќе бара политичка одговорност, додавајќи дека денеска се утврдиле заклучоци за поведување постапка за утврдување на одговорност кај носителите на јавните функции. Таа изрази уверување дека ова ќе биде првата Анкетна комисија која ќе ја заврши задачата. Воедно,  Мизрахи рече дека Комисијата за овој случај треба да се информира од актуелниот, како и поранешните министри за здравство.

„Очекувам дека веќе во понеделник попладне или вторник во текот на денот ќе има закажана седница на Комисијата“, изјави Мизрахи. Таа посочи дека сите заменици и членови на Комисијата се согласиле да работат секој ден вклучувајќи и викенди, доколку тоа го побарува темпото на работа.

Анкетната комисија е формирана со одлука на Собранието на пленарна седница, откако во јавноста се објавија информации за злоупотреба на терапијата за пациенти болни од рак, за што истрага отвори и Јавното обвинителство. На почетокот на септември беше извршен претрес на Клиниката за онкологија и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација по наводите во новинарски текстови за злоупотреба на лекови наменети за пациенти болни од рак.

Премиерот Димитар Ковачевски тогаш во изјава за медиумите рече дека ќе бидат санкционирани сите оние кои го прекршиле законот, но, апелираше да не се напаѓаат сите здравствени работници и случајот да не се политизира.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај