Последни написи

Костадиновска-Стојчевска: Со новиот закон за култура предвидуваме повеќегодишно финансирање на проекти и институции

„Со новиот закон за култура, кој не е променет од 1998 година една од новините е повеќегодишно финансирање, не само на проекти, туку и на алоцирање на буџет за институции“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на Канал 5.

Таа додаде дека не секогаш министерството треба да биде главен виновник за тоа што се случува во секоја институција, бидејќи тие имаат менаџери избрани на јавен конкурс кои треба да раководат со парите.

„И локалните самоуправи треба да преземат дел од обврските. Жал ми е кога од локалните установи ќе слушнам дека локалните самоуправи одделувале мал буџет за култура и за поддршка на развјот на културата“ рече Костадиновска Стојчевска.

Министерката рече дека измените за повеќегодишно финансирање се прават бидејќи има проекти кои не може во една година да бидат завршени, бидејќи една година трае само припремата на проектот за конзервација и презервација.

Извор: Канал 5

Latest Posts

Не пропуштај