Последни написи

Лампедуза или ќе ја подели или ќе ја обедини ЕУ околу новопредложените мигрантски политики

Европската агенција за заштита на границите Фронтекс очекува дополнително зголемување на бројот на мигранти и баратели на азил во Европската унија оваа година. Минатата година Фронтекс забележа 330.000 таканаречени нерегуларни записи. Ова беше најголем број од 2016 година, што беше врв на миграциските бранови до сега. Годинава би можело да има уште повеќе, проценува Фронтекс, бидејќи бројот на нерегуларни влезови, на пример, на централно-медитеранската рута кон Италија, се зголеми тројно оваа пролет.

Мирјана ВАСИЛЕВА

Италијанскиот остров Лампедуза поради големиот наплив на нови мигранти е пренатрупан во прифатните  центри. Бројката мигранти надмина над  7000  луге, што повеќе е од постојаното население  на островот. Состојбата дополнително се влоши откако во втората половина на септември, кога илјадници мигранти и бегалци  успејаа од Тунис преку Медитеранот да стапнат на италијанското тло, што дополнително ги оптовари локалните власти и хуманитарните организации  и го запали црвеното светл во ЕУ. Компликациите дополнителнои се заплеткуваат и заради неможноста да се постигне договор како понатаму со мигрантите кои во бранови се обидуваат да влезар во  ЕУ којашто пак падна на испитите за солидарност и за заедничка азилантска политика.

Италијанските медиуми постојано информираат за сцените на хаос во прифатните центри на Лампедуза, кои од една страна предизвикуваат сочувство и емпатија,  а од друга  пак  гнев. Тоа беше повод  градоначалникот на Лампедуза, Филипо Манино, да упати повик  до Брисел  за помош, со коментар дека  по  14 септември мигрантската криза ја  достигнала точката од која нема враќање. Италијанската премиерката Џорџа Мелони порача дека алармантната состојба на островот Лампедуза ја стави  Италија под „неверојатен притисок  и дека нема да дозволи Италија да стане бегалски камп на Европа“.

Европремиерката Урсула фон дер Лајан, откако беше на лице место и го виде големиот товар со  кој се соочува островот вети дека  нема да ги остави лугето сами да се справуваат со ситуацијата, а медиумите пренесоа деталји од нејзиниот акционен план од десет точки за тоа како да се намали притисокот врз Италија.

„Нерегуларната миграција е европски предизвик  и затоа  ќе треба европски одговор“, порача фон дер Лајен

Најмногу работа ќе има Фронтекс, Агенцијата за надворешни граници на ЕУ, со цел да ги идентификуваат мигрантите кои се во Италија, како и да ги вратат тие кои што не ги исполнуваат условите за азил. Фронтекс има за задача да го засили надзорот на чамците со мигранти од море и воздух и ќе треба да помогне во борбата против шверцерите на луѓе.

Мигрантите по секоја цена сакаат да влезат на територијата на ЕУ пред зимата

Мигрантите значително го зголемија притисокот врз границите на Европската унија и по секоја цена сакаат да влезат на европска територија пред зимските месеци. Тие се обидуваат да стигнат до територијата на Шпанија од Африка преку западноафриканските и западно медитеранските рути. Во последните недели, илјадници мигранти на бродови ја напуштаат Северна Африка за Италија по медитеранската рута.

Источниот медитеран и западнобалканската рута, за влез во ЕУ, пред сѐ во Германија, ги користата мигрантите од  азиските земји. Но, во последно време, поради контролите во Австрија и зголемениот граничен надзор во Македонија  и другите земји од Западен Балкан, вклучително и Хрватска како прва земја на границата на ЕУ, мигрантите ја заменуваат оваа западнобалканска рута со источната и се обидуваат да стигнат до Германија преку Полска и Чешка. Поради тоа, властите во Берлин одлучија да го зголемат надзорот на границата со овие две земји.

Границата меѓу Словачка и Унгарија стана важна точка на патот на мигрантите кон Западна Европа. Словачките власти соопштија дека 20.000 луѓе илегално влегле во нивната земја во последните неколку месеци.

По Словачка следи Полска пред Германија како главна дестинација на повеќето мигранти. Затоа граничните полицајци од Полска заедно со нивните колеги од Германија го следат сообраќајот во пограничното подрачје.

Германија е за промена на европските правила за азил

Како што пристигнуваат голем број мигранти, Германија сака да ги промени европските правила за азил. Канцеларот Олаф Шолц изјави дека неговата влада се согласила за основата за европски механизам за солидарност.

– Ни пречи што многумина биле во други европски земји, а потоа првпат се појавуваат во Германија, се регистрираат и бараат азил. Затоа е важен механизмот на солидарност. Земјите на надворешните граници на Европската унија мора да бидат способни ефективно да ја заштитат границата, рече германскиот канцелар.

Во Германија, земјата којашто е главна дестинација за мигрантите, градовите и општините се жалат дека се преоптоварени со обврски за сместување и интеграција. Околу една четвртина од сите барања за азил во ЕУ (220.000) се поднесени во Германија, иако оваа земја, поради својата географска локација, не може да биде земја на прв влез.

Затоа, федералните и покраинските влади се согласија да ги заострат правилата за враќање во земјите на потекло и мерките за привремен притвор за мигрантите кои мора да ја напуштат земјата

Меѓутоа, земјите каде првпат пристигнуваат мигрантите имаат сосема различни интереси. Италија, Грција, Малта, Кипар, Хрватска, а од неодамна и Полска, се обидуваат да го отежнат влезот на мигрантите што е можно повеќе. Нивните надворешни граници се повеќе или помалку затворени. Затоа, на мигрантите им преостануваат опасните поморски патишта или влегување со авион со вистински или фалсификувани визи.

Организациите фокусирани на бегалците исто така истакнуваат дека политиката на ЕУ има за цел да го отежне влезот што е можно повеќе, бидејќи барањата за азил може да се поднесуваат само на територијата на ЕУ.

Така, според досегашната практика, откако ќе стигне во ЕУ, мигрантот во повеќето случаи може да остане дури и ако неговото барање за азил е одбиено.

Враќањето во земјите на потекло останува исклучок. Сириските и авганистанските бегалци, кои успеале да стигнат до Европа, во повеќе од 90 отсто од случаите можат да сметаат на признавањето на нивното право на обезбедување на потребната заштита. Во многу други земји на потекло, како Пакистан или Турција, ситуацијата е токму спротивна. Стапката на отфрлање на мигрантите од овие земји е над 75 проценти. Меѓутоа, во повеќето случаи, одбивањето не значи дека тие мора веднаш да ја напуштат земјата во која се наоѓаат.

Европската агенција за заштита на границите Фронтекс очекува дополнително зголемување на бројот на мигранти и баратели на азил во Европската унија оваа година. Минатата година Фронтекс забележа 330.000 таканаречени нерегуларни записи. Ова беше најголем број од 2016 година, што беше врв на миграциските бранови до сега. Годинава би можело да има уште повеќе, проценува Фронтекс, бидејќи бројот на нерегуларни влезови, на пример, на централно-медитеранската рута кон Италија, се зголеми тројно оваа пролет.

При крајот на својот мандат на претседателствување со Советот на Европа, Шведска во Луксембург го претстави документот за новите правила  за мигрантите и добивањето  азил. Пред неколку дена, сега шпанското претседателство продолжи да ги усогласува ставовите на земјите членки на министерскиот состанок за внтарешни работи. Се водеа тешки преговори и министрите не успеаја да ја завршат  работата за  „Новиот миграциски пакт“, поточно за „кризниот механизам“. Полска и Унгарија отворено се спротивставија на предложените мерки додека  Италија изрази сомнеж и сега сака дополнително да ги испита и проучува текстовите.

Зошто Унгарија нема баратели на азил

Владата на Унгарија изјави дека воопшто не сака да дозволи никаква миграција. Мигрантите без документи пронајдени каде било во таа земја можат насилно да се вратат без никаква процедура

Унгарија се повикува на „Законот за вонредни ситуации“ од 2015 година, иако европските судови оваа практика ја прогласија за нелегална. Но, владата во Будимпешта ги игнорира нивните пресуди и, од нејзина гледна точка, се повикува на целосен успех на нивните политики. Само 44 лица поднеле барање за азил во Унгарија минатата година. Ова се случува и поради фактот што барањата за азил мора да се поднесуваат надвор од земјата во унгарските амбасади.

Полска сака да ја спречи миграцијата во согласност со насоките на ЕУ

Миграцијата е топ тема и во актуелната изборна кампања во Полска. Владејачката национално-конзервативна партија сака да ја спречи имиграцијата и да ја „заштити“ Полска, иако бројот на баратели на азил е многу мал споредено со население од 38 милиони во оваа земја.

Сепак, полскиот премиер Матеуш Моравјецки се противи на обидите на ЕУ да го реформира заедничкиот закон за азил на долг рок. Се подига ограда на источната граница на Полска со Белорусија, а Моравјецки сака да се одржи референдум за повеќе или помалку исклучена миграција во согласност со насоките на ЕУ. Мигрантите првенствено се гледаат како политичко оружје на рускиот агресор, бидејќи, како што може да се слушне, Русија ги испраќа на границата со Белорусија.

Инаку соред европските експерти за оваа проблематика, што се однесува за новите плавила на Унијата за мигрантското прашање, новиот предложен закон би требало да стапи во сила најдоцна за две години и се најавува дека доколку земјите членки не постигнат согласност околу новите мигрантски политики, тие би можеле да се донесат со квалификувано мнозинство согласно очекувањата за реформи на процедурите за донесување одлуки во ЕУ.

Извор: Рацин

 

Latest Posts

Не пропуштај