„Европската Унија е многу згодна и среќна рамка со која се обезбедува некаква државна сигурност. Бидејќи ако сте член на ЕУ, тогаш нема да ве нападне Русија на чело со Путин“ рече Миљенко Јерговиќ е еден од најпознатите писатели од поранешните ју простори во интервју за „Трн“.
Тој додаде дека сепак националните култури со ЕУ не би можеле нешто да добијат или да изгубат, бидејќи зависат од тоа колку се живи и активни сами по себе.
„Националната култура зависи од тоа колку е жива сама по себе, а не од тоа каде сте членки. Ако ви умира јазикот, ако не пишуваат писателите тогаш не може ни да ви помогне ни да ви одмогне ЕУ“ рече Јерговиќ.
Извор: Трн