More

    Сарачини: Ботови и ФБ страници блиски до „Левица“ пак ме „спружиле“

    Активистот за човекови права и експерт за медиуми Петрит Сарачини денеска на својот фејсбук-профил реагираше на објавата на „ботови и ФБ страници блиски до ‘Левица’“, која го напаѓа реактуелизирајќи кампања против хомофобијата и трансфобијата стара повеќе од 10 години, каде тој се појавува на билборд заедно со Богдан Илиевски и Дарко Лешоски.

    „Само би им го цитирал статутот на „Левица“, член 5, во кој меѓу целите и задачите на партијата е да „врши следење на појавите на фашизам, национал-шовинизам, расизам, [нео]нацизам, шовинизам, сексизам, ксенофобија, хомофобија и трансфобија, како и да го спречува нивното ширење;“ Би им порачал да им го објаснат на своите членови и симпатизери овој дел од нивниот Статут, а на јавноста да ѝ објаснат како се борат против овие појави?“, прашува Сарачини.

    Exit mobile version