Ана Василевска
„Совршени денови“ е извесен камбек на Вендерсовиот познат опус на он д роуд филмови со внимателно избрани музики теми што „ве возат“ долго и ги меморирате во главата по изгледаните сцени.
Новиот филм на филмскиот урбан маг, режисерот Вим Вендерс, насловен „Совршени денови“ беше дел од програмата на ИФФК „Браќа Манаки“, а фантастичниот кинематографер Франц Лустиг како гостин во Битола беше отворен за прашања од новинарите и за непосредна комуникација. Секако дека за Вендерс, кој е еден од култните режисери што има оставено неизбришлива трага во модерната филмска историја и претставува синеастички детерминатор на многу генерации на филмски сладокусци, има океан од прашања, но Лустиг се обиде да ни приближи барем мал дел од сензибилитетот на Вендерс и да и открие дел од неговата умешна кинематограферска магија.
„Совршени денови“ е извесен камбек на Вендерсовиот познат опус на он д роуд филмови со внимателно избрани музики теми што „ве возат“ долго и ги меморирате во главата по изгледаните сцени. Токму тој спој на музиката со фотографијата според Лустиг ја предизвикува најсилната емоција во филмовите.
Во „Совршени денови“ станува збор за Хирајама, (го игра впечатлиовиот актер Коџи Јакушо), средовечен човек вработен како чистач на тоалети, кој спокојно вози од работа до работа во своето комбе, слушајќи класичен рок и поп на аудио касети од старата школа: Пети Смит, Кинкс и секако, Лу Рид. На пауза за ручек чита и фотографира дрвја и се радува на секоја секунда од животот.

„Додека снимаме Вим секогаш ги прикажува градовите онакви какви што се во моментот. На тој начин ги зачувува, бидејќи ако по 20 години одите во Палермо или во Токио сигурно тие нема да изгледаат исто. Но, со нашите филмови тие остануваат зачувани“, рече Лустиг.
За „Совршени денови“ неговиот избор бил да работи со камера од рака за да постигне флуид со актерите.
„Снимав со камера од рака бидејќи така ги правам најдобрите кадри. Сметам дека статичната камера го губи контактот меѓу актерите и кинематограферот бидејќи треба да гледам на монитор. Со камерата од рака светлината некако се впива во кадарот и тоа може да се види на филмот.“, рече Лустиг.
Од 1994 година Франц работи како директор на фотографија за реклами и музички видеа со некои од водечките режисери ширум светот, како Сем Браун, Гери Фридман, Сајмон МекКуид, Стјуарт Мекинтајр, Џонс и Тино, Мартин Амунд, Томас Јонсгарден, Начо Гајан, Даниел Клајнман, Ринган Ледвиџ, Тарсем и Ралф Шмерберг.
Соработува со режисерот Вим Вендерс на три долгометражни филмови: „Земја на изобилството“, за кој ја освои наградата „Најдобра камера“ на Германските филмски награди; „Не доаѓај чукајќи“, за кој го заслужи признанието „Најдобар европски кинематографер“ во 2005 година; и „Пукање во Палермо“ од 2007 година.
„Додека снимаме Вим секогаш ги прикажува градовите онакви какви што се во моментот. На тој начин ги зачувува, бидејќи ако по 20 години одите во Палермо или во Токио сигурно тие нема да изгледаат исто. Но, со нашите филмови тие остануваат зачувани“, рече Лустиг.
Неговата документарна работа е исто така важен сегмент во кариерата за него и ги вклучува филмот „2 или 3 работи што ги знам за него“ на Малте Лудин за животот и смртта на нацистичкиот татко на Лудин и документарниот филм „Танц за сите“ од 2008 година. Во 2012 година, Франц ја доби наградата Мобиус за „Најдобар кинематографер“.
Извор: НоваТВ