More

    Свечено одбележан Денот на Бошњаците

    Денот на Бошњаците, кој е официјален државен празник за припадниците на бошњачкиот народ во Северна Македонија, беше одбележан со свеченост во хотелот Александар Палас во Скопје.

    Пред присутните на настанот се обрати претседателот на партијата Странка за демократска акција (СДА) во Северна Македонија, Џелал Хоџиќ. Tој потсети дека денеска во целиот свет се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците, чија цел е зачувување на националниот идентитет, а во спомен на 28 септември 1993 година, кога во Сараево се одржа Бошњачкото собрание и беше донесена одлука за враќање на историското име Бошњак и враќањето на историското именување на јазикот како босански јазик.

    Хоџиќ истакна дека први што ја имале можноста да го употребат историското име биле Бошњаците во Македонија за време на пописот во 1994 година. Тој се осврна на конструктивната улога на Бошњаците во градењето на македонска самостојна држава, која започна со поддршката за рeферендумот за независност во 1991 година

    На прославата се обрати и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, кој истакна дека Бошњаците се вредна коцка од македонскиот културен мозаик.

     

    Меѓу присутните на прославата имаше повеќе истакнати личности од јавниот живот, претставници на дипломатскиот кор во земјава, на политичките партии, пратеници и претставници на граѓанскиот сектор.

     

    Р.С

    Exit mobile version