„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа.
Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси.
Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации“, реагираше на неговиот Фејсбук профил вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, во однос на наводниот инцидент во Собранието за кој го обвини пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
Овој наводен инцидент беше дел од жестоката дебата на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Стојаноска и на говорницата и преку социјалните мрежи обвини дека Маричиќ наводно и праќал недолични гестикулации и „бакнежи“, а потоа имаше постови во кои со фотомонтажи се исмеваше физичкиот изглед на вицепремиерот Маричиќ.
“Достојноста на македонскиот парламент не е термин за овој класичен измамник и кукавица.Ги повикувам собраниските служби да објават снимки, кои сигурно дека ги имаат (исто како и од 27-ми април што ги имаа), да ги објават и да се разобличи овој фолирант”, објави Стојаноска на Фесјбук по демантот, користејќи жесток вокабулар и навреди.
„Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор“, порача Маричиќ во неговиот демант.
Р.С