Последни написи

Рама: Со прогласување на ден на жалост, Белград го разгорува пламенот на вооружен конфликт како никогаш досега од 1999 година!

Албанскиот премиер Еди Рама излезе со реакција откако Србија го прогласи  27 септември за ден на жалост, за смртта на терористите, кои во неделата наутро ја нападнаа косовската полиција и  беше убиен косовскиот полицаец Африм Буњаку, пишува албанскиот медиум Топ Чанел.

Тој смета дека одлуката донесена од властите на српската држава е неоправдана и неприфатлива. Според Рама, ова е најлошиот сигнал што Србија може да го даде на регионот и на евроатлантската заедница.

„Официјално прогласените денови на жалост во Белград за припадниците на вооружената група, кои беа убиени од безбедносните сили на Република Косово, откако таа група го одзеде животот на полицаец, е најлошиот сигнал што Србија може да го даде на регионот и на евроатлантска заедница! Иако требаше да отвори сериозна истрага за членовите на таа криминална група, нивните врски со трговци со оружје и други поединци или субјекти, во Србија или на друго место, потенцијално ангажирани во создавање на вооружено движење на северот на Косово, Белград, со овој црн проглас, кој нема никаква врска со 21 век, го разгорува пламенот на вооружен конфликт како никогаш досега од 1999 година! Ова не само што е неоправдано и неприфатливо, туку и за осуда со сета сила на зборовите и инструментите со кои располага евроатлантската заедница!“, изјави Рама.

Тој понатаму нагласува дека сега е моментот кога Србија треба да одлучи дали ќе биде со Европа и демократскиот свет, или со својата сенката  на крајот на 20 век, со духовите и злосторствата од своето неславно минато од 90-тите.

Подготви: Д. Т.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај