Последни написи

Љубиша Николовски во „Само вистина“: На крајот, цело ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени

„Јас мислам дека на крајот целото ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени. Потоа ќе се оди на избори и на паритетна основа кој ќе освои повеќе гласови ќе добие премиер и конечно ќе се формира едно македонско национално единство што сите граѓани го бараат“ рече новинарот Љубиша Николовски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според него, Мицкоски во моментов вели дека нема уставни измени под бугарски диктат, но последните случувања покажуваат дека тој бугарски диктат се губи.

„Слушаме дека 12 експерти во ЕУ прават план и правила по кои диктатот на Бугарија се трга. Тоа на Мицкоски му е кажано и полека омекнува целата работа. На крајот приемот нема да биде со апсолутно мнозинство, а Македонија нормално ќе си влезе во ЕУ“ рече Николовски,  додавајќи дека во овој момент ЕУ повеќе мисли на нас отколку ние самите и дека тие повеќе се трудат да не привлечат и примат во ЕУ.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај