„Одлуката на Комитетот е позитивен импулс и поддршка на нашите напори да го зачуваме престижниот статус на Охридскиот Регион, Регионот кој светот го препозна, а УНЕСКО ја верификува неговата убавина, едно од 39-те мешовити добра во целиот свет, односно 43-те прекугранични добра“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција.
Таа додаде дека Охридскиот регион се оддалечува од листата на Светско наследство во опасност и дека УНЕСКО ги препознава напорите на Владата.
„Иако полека се оддалечуваме од листата на Светско наследство во опасност, не смееме да го изумиме фактот дека само нашето непостапување по препораките ќе биде причина за впишување на Охридскиот Регион во загрозено светско природно и културно богатство. Ние сме само негови наследници. Едни од многуте пред нас и по нас. Важноста на Охридскиот Регион е немерлива и трајна“, заклучи министерката.